Дигитална револуција во осигурувањето
2 јули 2025
Бесплатно делење на јајца предизвика општ хаос во Велес - полицијата морала да интервенира за да воведе ред.
За само еден час биле поделени околу две илјади табли јајца, бесплатно делени од волонтери.
Се работело за донација од велешани кои живеат и работат во САД, односно од компанијата „Шилер“, чија дејност е камионски превоз на стока.
Поради метежот и безредието што се создале, морала да интервенира и полицијата за да воведе ред и да спречи евентуално стампедо и повреди кај граѓаните.
Луѓе земале и и по две-три табли со објаснување дека ги земаат за болни роднини или за соседи кои не можеле да дојдат.
Табла јајца е околу 300 денари.