Анкетата на Стопанската комора на Северна Македонија покажува дека од 130 анкетирани приватни компании, од најголеми до најмали, на секоја втора ѝ било барано мито.
Барањето мито, услуги, условувања за вработување во приватните компании на блиски луѓе од семејството, најмногу (78 отсто) доаѓале од претставници на централната власт (Владата, министерствата, директорати, агенции, инспекторати…) а тие од локалната учествуваат со 22 отсто корупција.
Највеќе мито се бара во постапки за давање дозволи, одобренија и слично. На второ место се одговорите за корупција при инспекциски надзор, на трето при царинска постапка, а потоа во даночна, судска итн.
На прсти се бројат тие што пријавиле корупција пред Обвинителството.
Ветерен парк со 55 ветерници кои ќе произведуваат еден терават час електрична енергија ќе се гради меѓу Карбинци, Штип и Радовиш.
Изградбата се очекува да започне во втората половина на 2025 година, странската инвестиција е на „Алказар Енерџи“, вредна е над 500 милиони долари и се очекува да отвори нови 630 работни места.
Ветерниот парк ќе произведува електрична енергија со која ќе се задоволат потребите на околу 100 илјади домаќинства.