Создавањето на „македонскиот јазик“ во 1944-1945 година во поранешна Југославија беше чин на секундарна кодификација (ре-кодификација) врз основа на бугарскиот литературен јазик, дополнително „збогатен“ со локални форми, со што се симулираше „природен“ процес заснован на дијалектна форма, се вели во Декларацијата која вчера ја објави бугарското Министерство за надворешни работи.
„Секое повикување на официјалниот јазик на Република Северна Македонија во официјални/неофицијални документи/позиции/изјави и други на ЕУ и нејзините институции, тела, канцеларии и агенции мора да се разбере строго во согласност со Уставот на оваа земја и никако не се толкува како признавање од страна на Република Бугарија на ’македонскиот јазик’.“
„Бугарија продолжува да се придржува до јазичната клаузула содржана во Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, потпишан во Скопје на 1 август 2017 година помеѓу Република Бугарија и Република Македонија, за целите на билатералните договори/договори/меморандуми и други меѓу двете земји.“
Фејсбук е преплавен со групи од типот „Барам превоз/нудам превоз“, „Превоз Скопје Битола“ итн...
Двајца другари направиле апликација која може да го реши тој хаос - сите барања и понуди за превоз на едно место! Целосно бесплатно (без никакви трошоци за регистрација и корисници - и за патници и за возачи), без никакви ѕвездички и ситни букви.
Ептен на почеток се па изгледа празно, ама затоа сте вие тука.
Десетици илјади луѓе демонстрираа на централниот плоштад во Загреб поради тоа што владата не почнала со расчистување на повеќе од 30.000 тони отпад кој ја загадува водата и природата во Лика.
Лани на локација близу Госпиќ беа откриени меѓу 34.000 и 37.000 тони отпад – од кој голем дел бил увезен од Италија во 2023 и 2024 година. Владата вети дека ќе ја исчисти локацијата, но еколошките групи тврдат дека е постигнат мал напредок.
Вјекослав Бушиќ од иницијативата „Госпиќ е наш дом“ побара од Владата во рок од 20 дена да претстави сеопфатен план за санација на загадените локации, со јасни и обврзувачки рокови. Организаторите на маршот бараат отстранување на 33.000 тони закопан отпад во рок од три месеци, итна забрана за увоз на отпад во Хрватска и одговорност за пропустите.
„Мора итно да ја утврдиме одговорноста на сите оние што молчеа и не презедоа ништо. Тука не смее да има компромис“, истакна Бушиќ.