- Бразилскиот претстедател го прекина дводневниот молк по објавување на изборните резултати по кои изгуби од противкандидатот Луиз Инасио Лула да Силва. Притоа не се изјасни дали го прифаќа поразот.
- Според резултатите, тој изгуби 50.9% - 49.1% што е разлика од 2,1 милион гласови и ако така остане, ќе биде првиот бразилски претседател кој изгубил на реизбор.
- Болсонаро им се заблагодари на 58-те милиони гласачи кои го подрджаа и не му честиташе на Лула но негови кругови навестуваат дека изборните резултати најверојатно нема да се оспоруваат.
- Претседателот на иранскиот парламент вели дека има напредок во разговорите со САД, но дека двете земји остануваат „далеку“ од мировен договор
- Доналд Трамп вика дека се водат „многу добри разговори“ со Иран, но дека нема да дозволи Техеран да ги „уценува“ САД за Ормускиот теснец.
- Техеран порача дека Ормускиот теснец ќе остане затворен сè додека САД не ја укинат блокадата врз иранските пристаништа, што за нив е прекршување на примирјето.
- Трамп порача дека блокадата ќе продолжи сè додека „нашата трансакција со Иран не биде 100% завршена“.
- Два ирански воени чамци отворија оган врз танкер во Ормускиот теснец а американската морнарица принудила 23 брода да се свртат назад во близина на теснецот.
- Марија Корина Мачадо, нобеловка и лидер на веневуелската опозиција, одбила во Мадрид да се сретне со шпанскиот премиер Педро Санчез, кој е во лоши односи со американскиот претседател Доналд Трамп, на чија поддршка смета таа.
- „Таква средба не е опортуна“, оценила таа.
- Мачадо се сретна со лидерот на конзервативната Народна партија и со лидерот на Вокс, за да биде упадливо дека стратешки фокус става на десничарската политичка опозиција на Шпанија, а не на левичарската влада.
- Таа стана предмет на подбив заради девалвирање на наградата откако реши да му ја подари на американскиот претседател.
- Норвешкиот Нобелоv комитет тогаш потсети дека вистинската чест што ја претставува медалот „не може да се одземе, сподели или пренесе на други“.