- „Тозија е човекот кој ги финансираше полупроектите на самонаречените продуценти и режисери кои сега од позиција на господари на Друштво на филмски работници му доделуваат награда. За тоа што тој го направи за нив тие би требало да го позлатат, ако јас се прашувам“, реагира Јани Бојаџи на веста дека наградата „Големата ѕвезда на македонскиот филм" оваа година на Манаки постхумно ќе му биде доделена на Горјан Тозија.
- „Но, ако битолскиот градоначалник Тони Коњановски ова го плати и поддржи, не знам каква сила ќе ме натера да споделувам каква и да е идеа со партијата која ветува реформи и промени, вели директорот на Алфа ТВ.
- Тој Тозија го нарекува „црвениот барон на самонаречената комуњарска филмска елита“, го смета за човек кој создаде филмски апартхејд кога како пулен на Заев стана директор на Агенцијата за филм и лично отпишал речиси 20-тина проекти на политички неистомисленици, го опструирал проектот "Македонија" а негов пулен ја држи во бункер серијата "Црвениот поет" посветена на Кочо Рацин.
- Претставничкиот дом на Парагвај ја одби понудената оставка на претседателот Сантјаго Пења за да може да му го одземе имунитетот и да покрене импичмент во Сенатот, што најверојатно ќе заврши со обвинение и судски процес.
- Одземањето на имунитетот било акламативно, вклучувајќи ги и пратениците од неговата партија а на Пења му беше одреден куќен притвор.
- Незадоволни од тоа, демонстранти се собраа пред неговата резиденција, во еден моментиот ја пробија блокадата па Пења итно бил евакуиран во некоја воена база.
- Причина за скандалот е затворањето на најголемата дигитална банка, Уено, која беше ставена под управа на централната банка откако се утврди дека паднала под предвидениот минимум солвентност. Преку три милиони луѓе во Паргвај останаа без своите пари па дополнително ќе бидат обесштетувани.
- Долго откако беше избран на функцијата, претседателот Пења одржувал бизнис релации со сопственикот на банката, групацијата Веласкез.
- Уапсени се група директори во Уено а претстедателот на Централната банка, Карлос Каваљо поднесе оставка. Не е сигурно дека ќе помине само со тоа: поставен е таму пред три години од Пења откако беше прв човек на финансиската компанија која прерасна во Уено.
- Во српскиот дневен весник „Данас“ под псевдонимот „Пријател на студентите“ со месеци беа објавувани текстови со политички и правни совети до студентите блокадери (во периодот пред вонредните парламентарни избори), вклучувајќи предлози за стратегија, формирање експертска влада, отворање кон ЕУ и состав на Студентската листа.
- По изборите, авторот го обелодени својот идентитет: Александар Маршавелски, вонреден професор на Правниот факултет во Загреб но уште поважно, член на хрватскиот совет за граѓански надзор на безбедносно-разузнавачките служби на Хрватска.
- Маршавелски поднесе оставка на таа функција но обелоденуваето на неговиот идентитет ги подгреа сомневањата на довчерашните српски власти дека рушењето на Вучиќ било инструирано од странски центри.