По првпат од 1944 година, шефот на македонската држава го нема никаде на Илинден, ни во „Прохор Пчињски“, ни во Крушево, па дури ни во Скопје. Ако ова не е национален скандал од прв ред, тогаш не знам што е национален скандал.
За жал, веќе ништо не може да го промени заклучокот дека Зоран Заев по 2017 година гради сосема нова нација, „Северна …“, со целосно нова симболика, култура, историја, јавни белези, паметници и така натаму. За реализација на нивната идеја за востоличување на „Северна …“, со некој нејзин „мултиетнички народ“, како што велеше Заев, потребно е целосно да потонат во заборав датумите што го одбележуваат илинденското и асномското минато на македонскиот народ, да се прогони сеќавањето на настаните што ја градеа илинденска и асномска Македонија, од кој најсветол празник е самиот Илинден.
За нив инсистирањето на некои херои, историски настани или наративи се само знак на заостанатост и зачмаеност „на погрешната страна од историјата“. „Чуму ти е идентитетот, ако немаш пари?“, како што длабокоумно воскликна еден од „случајномакедонците“, верен промотер на нацијата од „Северна …“.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
Галего, кој пред да влезе во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
„'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.