Пожар во пензионерски дом во Тузла, загинаа 10 луѓе
5 ноември 2025
- Десет луѓе загинаа и најмалку 20 се повредени во пожар во пензионерски дом во Тузла. Сите загинати се пензионери, а меѓу повредените има пожарникари, медицински лица, полицајци и вработени во домот.
- Пожарот избувнал синоќа во 20.55 часот на седмиот кат на зградата, каде што биле сместени лица со попреченост.
- Противпожарите екипи брзо интервенирале и за еден час го изгаснале огнот, но не можеле навремено да им помогнат на пензионерите, меѓу кои имало и болни и неподвижни лица. Причината не е уврдена.