- Владата се заложи за итно плаќање на доспеаните фактури на буџетските потрошувачи но ликвидноста брзо се истоштува и се имааат средства за набавка на гас до крајот на утрешниот ден.
- Како општествено одговорна компанија информираме дека немаме повеќе ресурси да обезбедување финансирање на грејната сезона без државна помош за компензирање на тарифита за производство на топлинска енергија со што не ќе можеме да продолжиме со производство на топплина.
- За да се обезбеди непрекинато производство на топлинска енергија,предложивме Владата да ја преземе во времено управување компанијата почнувајќи од 14.01.2022 сè до завршување на кризната состојба во оваа грејна сезона.
- Илјадници демонстранти кои бараат оставка од премиерот Еди Рама се судрија со специјалната полиција на централниот плоштад „Скендербег“ во Тирана, токму на Денот на независноста на Албанија.
- Демонстранти, кои пристигнале од целата земја, фрлаа камења, сигнални ракети и димни бомби кон кордоните и владините згради, а полицијата возврати со солзавец и водени топови.
- Според Министерството за здравство, повредени се најмалку осум луѓе, вклучувајќи полицаец и двајца новинари.
- Бранот незадоволство во Албанија почна крајот на мај, поттикнат од плановите за изградба на луксузен туристички комплекс во јужниот дел на земјата – проект поврзан со фирма основана од Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Трамп.
- Низ месеците протестите се проширија во бунт против корупцијата во владата, растот на трошоците за живот и ограничените можности. Во изминатите неколку недели беа запалени банки, судови и владини згради.
- Студентите сега повикуваат на уште помасовни демонстрации се до оставка на премиерот Рама, кој е на власт од 2013 година. Група студенти, професори и претставници на дијаспората најавија основање на нова политичка партија „Обединети за Албанија“, со цел да постигнат промени преку институционални средства.
- Парламентот на Аргентина изгласа закон со кој ѝ се забранува на Централната банка да печати пари за да ги покрие владините трошоци. Банката е ограничена на својата основна мисија да ја одржува вредноста на националната валута.
- Ова е еден од клучните чекори во стратегијата на претседателот Хавиер Милеи да ја запре инфлацијата, која во времето на претходната администрација во 2023 година надмина 200%.
- Под водство на Милеи, Аргентина ги намали владините расходи и инфлацијата, но се зголеми сиромаштијата.
- „Заврши времето на Централната банка која финансираше политичка кражба преку печатење пари. Заврши монетарната катастрофа во Аргентина. Завршија 91 година измами“, соопшти претседателот.