- Пензиониран воен полицаец (51) во приватен дом з стари лица убил 6 и ранил 6 луѓе.
- Новинарка на РТЛ јави дека неофицијално, причина за крвопролевањето биле несредени имотни односи меѓу него и мајка му. Тој дошол во домот во Дарувар кајшто била мајката, решил да ја убие и попат убил уште 5 лица кои се колатерални жртви на неговиот крвав поход.
- Подоцна Крешимир Пахоки бил најден и уапсен во близина на едно кафуле. Таму бил и пред да тргне кон домот, викнал пијачка за сите и рекол: „Морам нешто да завршам.“
- Следејќи некои „дебати“ на социјалните медиуми неодамна, се’ повеќе сум уверен дека се враќаме наназад и стануваме поглупави и понефункционални како општество.
- Можеби повеќе не сме Homo sapiens – „мудриот човек“. Ниту пак сме Homo economicus, наводно рационалниот актер во класичната економија. Сè повеќе стануваме Homo idioticus – суштество дефинирано, не од мудрост или логика, туку од емоционални импулси, дезинформации и интелектуална инерција.
- Изгледа на социјалните медиуми им се потребни „идиоти“. Затоа станаа нивен расадник. Не гледам проблем во тоа да им дозволиме на „идиотите“ да кажуваат идиотски работи. Друго и не може да очекувате од „идиотот“. Проблемот е што платформите преживуваат со пронаоѓање на највирулентните идиотизми и нивно глобално ширење. Едноставно кажано, благодарение на социјалните медиуми, „идиотите“ сега имаат платформа да ја објават својата глупост пред целиот свет.
- СДСМ остро го осуди настапот на српскиот претседател Александар Вучиќ (види овде - н.з), оценувајќи дека неговите изјави претставуваат навредливо и недолично однесување кон заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска.
- Партијата вели дека Вучиќ е познат по тоа што ги навредува сите оние кои не ги делат неговите ставови или му пречат.
- Вучиќ малициозно нагласил дека ‘оваа жена и луѓето кои доведоа до сецесија’“, па СДМС оценува дека нагласувањето на нејзиниот пол во политички контекст е понижувачко и ирелевантно за аргументите што ги изнесува.
- Ваквиот речник не бил само личен напад, туку дел од поширок проблем на деградирање на жените во политиката.