Крокети

Топчиња од сланина и сирење

Вкусно мезе од сланина, сирење и компир.

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
20 мин.

Вкупно време:
40 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 4 парчиња сланина
  • 250 гр. изладено пире од компир
  • 1 жолчка од јајце
  • 1 јајце
  • 1 главица кромид
  • 150 гр. брашно
  • 40 гр. моцарела сирење, исечено на коцки од 1 см.
  • 300 гр. лебни трошки
  • 50 мл. млеко
  • масло за пржење
  • зелена салата за прилог

Подготовка

Загрејте тава на рингла на среден оган и пржете ја сланината 3-4 минути додека да стане крцкава. Потоа извадете ја на хартиена салфетка. 

Измешајте го во длабок сад изладеното пире од компир, жолчка од јајце, ситно сецкан кромид, сецкана сланина и 50 гр. брашно. Замесета ја смесата и формирајте 20 топчиња. Во центарот на секое топче ставете 1 коцка моцарела сирење.

Ставете го во една чинија остатокот од брашно и лебните трошки во друга чинија. Изматете го јајцето со млекото. Панирајте ги топчињата во брашно, јајце и лебни трошки.

Пржете ги крокетите во длабока тава со масло на среден оган, по 3-4 минути додека да добијат златно жолта боја. Вадете ги во чинија обложена со хартиена салфетка за да се впие вишокот на масло.

Послужете ги крокетите со свежа зелена салата.

24 јануари 2013 - 07:00