Пржено пире

Палачинки од компир

Вкусен рецепт за солени палачинки од компир и сланина.

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
20 мин.

Вкупно време:
40 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 4 парчиња сланина
  • 4 -5 компири
  • 1 лажица путер
  • 2 јајца
  • 1 мал кромид
  • 100 гр. рендан кашкавал
  • 180 гр. лебни трошки
  • 1/2 лажичка лук (зачин)
  • сол

Подготовка

Излпупете ги компирите, исечете ги на мали коцки и сварете ги во тенџере со вода и сол. Кога ќе се сварат компирите исцедете ја водата. Додадете една лажица путер и испасирајте ги во пире.
Испржете ја сланината, исечена на ситни коцки, во тава на среден оган додека да добие кафеава боја. Потоа префрлете ја во чинија обложена со хартиена салфетка.
Измешајте ја сланината со компирите, јајцата, ситно сецкан кромид и рендан кашкавал. Добро измешајте ја смесата, поделете ја 4-6 дела и оформете ги во големина на плескавици.
Повторно загрејте ја тавата во која ја пржевте сланината на среден оган и во неа пржете ги палачинките од компир. Испржете ги од двете страни додека да добијат златно жолта боја, по околу 3 минути од секоја страна.
Послужете ги топли. На здравје!

17 август 2012 - 19:55