Време на подготовка:
20 мин.
Време на готвење:
40 мин.
Вкупно време:
60 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 2 лажици маслиново масло
- 1 главица кромид, ситно сецкан
- 2 чешниња лук, ситно сецкан
- 1л. пилешка супа од коцка
- 2 лажички ситно рендана кора од лимон
- 600гр. компири, излупени и исечени на коцки
- 400гр. пилешки гради, исечени на тенки ленти
- 400гр. млад спанаќ, сецкан
Подготовка
Сварете пилешка коцка супа во 1 литар вода.
Загрејте масло во тенџерее на среден оган. Пржете ги 5 минути кромидот и лукот. Додадете ја пилешката супаи кора од лимон и оставете ги да зовријат.
Намалете ја јачината на ринглата, додадете ги компирите и варете ја супата 20 минути. Потоа додадете го спанаќот и пилешкото месо и варете ги 15-20 минути додека да се зготви месото.
Зачинете со бибер по вкус и послужете ја супата веднаш.