Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
25 мин.
Вкупно време:
35 мин.
Порции
6 лица
Состојки
- 200гр. јачмен
- 200гр. леќа
- 140гр. кравјо кисело млеко
- 140гр. кисела павлака
- 1/2 авокадо
- сок од еден лимон и ситно рендана кора од еден лимон
- 1 лажица маслиново масло
- 100гр, тенко сецкани и потпечени бадеми
- 150гр. рукола
- 300гр. козјо сирење, изронето
- 3-4 главици млад кромид, ситно сецкан
Подготовка
Ставете го јачменот во тенџере со ладна вода и варете го на среден оган. Кога ќе зоврие гответе го уште 15-20 минути за да омекне. Потоа процедете го и во цедилка исплакнете го под млаз студена вода.
Во меѓувреме сварете ја леќата во теџере со зовриена вода. Варете ја 15 минути на силен оган. Процедете ја и исплакнете ја во цедилка под млаз студена вода.
Во блендер додадете ги авокадото, кисело млеко, павлака, кора и сок од лимон. Мешајте ги додека да добиете мазна смеса. Зачинете го овој сос со сол и бибер.
Во чинија за сервирање измешајте ги јачменот и леќата. Зачинете ги по вкус. Додадете бадеми, рукола, козјо сирење и млад кромид. Промешајте ги малку и прелијте ги со приготвениот сос.