Кромид со сланина

Сендвич со сланина и кромид

За викенд ручек ви предлагаме сендвич со печен кромид замотан во сланина.

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
25 мин.

Вкупно време:
35 мин.

Порции

2 лица

Состојки

  • 1 главица кромид
  • 4 парчиња сланина
  • 100 гр. кашкавал, рендан
  • 2 лепињи (лепчиња за сендвичи)
  • сенф
  • 2 лажици оцет балсамико
  • сол и бибер
  • 1 лажица масло

Подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени. Обложете едно тавче со алуминиумска фолија.
Исечете го кромидот на покрупни парчиња. Во еден сад измешајте го со масло, оцет балсамико, сол и бибер. Исечете ги парчињата сланина на половина по должина. Наредете три половинки сланина една до друга.

Поделете го кромидот врз сланината и половина од ренданиот кашкавал.

Замотајте ја сланината околу кромидот. На крај со една половинка сланина замотајте ги трите парчиња попречно.

Повторете ја постапката со остатокот од сланина, кромид и кашкавал.
Печете ја сланината со кромид во подготвеното тавче 25 минути.


Пресечете ги лепињите на половина и загрејте ги на тостер. Намачкајте сенф на долната половина. Наредете ја печената сланина со кромид во лепињите и преклопете ги.
Пријатен апетит!

2 ноември 2012 - 18:54