Пилешко со пармезан

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
45 мин.

Вкупно време:
55 мин.

Порции

6 лица

Состојки

  • 2 јајца, изматени со вилушка
  • 600 гр. трошки од леб
  • 6 парчиња пилешки гради исечени на тенки парчиња
  • 1/2 чаша бело вино
  • 12 големи домати
  • 1 лажичка оригано
  • 12 лажици свеж босилек, ситно исецкан
  • 1 среден кромид
  • 4 чешниња лук
  • 420 гр. моцарела
  • 50 гр. рендан пармезан
  • 1 лажичка шеќер
  • сол и црн пипер
  • маслиново масло

Подготовка

Зачинете го пилешкото со сол и бибер. Потоа секое парче панирајте го во матените јајца, па од таму во лебните трошки.

Загрејте маслиново масло во една тава и пржете го пилешкото неколку минути додека да добие златно жолта боја. Потоа извадете го месото во чинија обложена со хартија, за да се впие вишокот од масло.

Во подлабока тава пржете го кромидот и лукот, ситно исецкани, додека да омекнат. Додадете ги исецканите домати, оригано и бело вино и гответе ги на посилен оган додека да зовријат. Додадете го босилекот, една лажичка шеќер и зачинете со сол и бибер.

Измешајте ги изренданиот пармезан и моцарела сирењето.

Во една тава наредете го половина од прженото пилешко. Врз пилешкото додадете го половина од сосот од домати. Потоа додадете ја втората половина од пилешкото и остатокот до сосот од домати. Одозгора рамномерно распоредете го ренданото сирење. Печете го месото 20 минути во рерна загреана на 180 степени.

Послужете го со свежа салата од марула.

23 мај 2012 - 07:00