Шпански специјалитет

Пилешко со ориз и зеленчук

Вкусен шпански специјалитет од пилешко и ориз со зеленчук.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
30 мин.

Вкупно време:
45 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 8 парчиња пилешки гради
  • 2 лажички црвен пипер
  • 1 лажичка кумин
  • 1 црвена лута пиперка, ситно сецкана
  • 3 чешниња лук, сецкани
  • 2 лажици маслиново масло
  • кора и сок од 1 лимон
  • 1 црвен кромид, ситно сецкан
  • 300гр. ориз
  • 750мл. вода
  • 280гр. црвени и зелени пиперки
  • 150гр. грашок (може замрзнат)
  • 60гр. печени бадеми, крупно исецкани
  • 2 лажици сецкан кориандер
  • 1 лажица мед

Подготовка

Испечете ги на скара црвените и зелените пиперки. Излупете ги, исецкајте ги крупно и оставете ги да се исцеди вишокот на
течност. Грашокот сварете го десетина минути на пареа.
Во сад измешајте ги пилешките гради со црвен пипер, кумин, сецкно луто пиперче, 2/3 од лукот, 2 лажички масло и 1/3 од сокот
од лимон.
Загрејте 1 лажица масло во поголема длабока тава на среден оган. Пржете го кромидот и остатокот од лукот 3 минути додека да
омекнат. Додадете ориз и вода. Кога ќе зоврие намалете ја јачината на ринглата, покријте ја тавата и гответе го оризот 12
минути. Тргнете го од оган. Додадете во оризот сецкани печени пиперки и грашок. Покријте ја тавата и оставете ги да одстојат
5 минути. Потоа додадете кора од лимон и 1/2 од останатиот сок од лимон. Зачинете го оризот по вкус. Одозгора додадете
сецкан кориандер и бадеми.
Во меѓувреме загрејте го остатокот од маслото во поголема тава на силен оган. Пржете го пилешкото од двете страни 6 минути
додека да добие кафеава боја. Потоа намалете ја јачината на ринглата на најслабо и пржете го пилешкото уште 6-8 минути.
Додадете го медот и остатокот од сокот од лимон. Промешајте и гответе го уште 1 минута додека да се згусне глазурата.
Послужете го пилешкото заедно со оризот.
На здравје!

7 септември 2013 - 10:45