Време на подготовка:
5 мин.
Време на готвење:
25 мин.
Вкупно време:
30 мин.
Порции
6 лица
Состојки
- 6 парчиња пилешки гради
- 50 мл. оцет балсамико
- 1 лажица путер
- 6 парчиња моцарела сирење
- 2 домати исечени на кругови
- 6 гранчиња свеж босилек
- сол
Подготовка
Испечете го пилешкото месо на скара, зачинето со сол по вкус. Додека се пече месото, во помало тенџере варете го оцетот балсамико на рингла на среден оган додека не се намали количеството на половина. Потоа додадете путер и мешајте додека да се растопи.
Врз печеното пилешко поставете парче моцарела сирење, сецкан босилек и парче домат. Зачинете го со подготвената мешавина од оцет и путер и сервирајте го топло.