Солено

Печено пиле на сол

Едноставен и многу лесен рецепт.

Време на подготовка:
5 мин.

Време на готвење:
120 мин.

Вкупно време:
2 ч. 5 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 1.5 кг. пиле
  • 1 кг. крупна морска сол

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени.

Во тефлонско тавче на дното истурете 1 кг. сол. Измиеното пиле ставете го со градите на солта. Не го солете одозгора и не ставајте зејтин.

Печете го пилето 2 часа. Потоа исчистете го од солта и послужете го со прилог по желба.

На здравје!

3 јануари 2013 - 07:00