Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
50 мин.
Вкупно време:
60 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 4 пилешки батаци
- 4 пилешки карабатаци
- 2 лути пиперки
- 1 кромид
- 200 мл. пилешка супа од коцка
Маринада
- 70 мл. маслиново масло
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка кумин
- 2 лажички лут буковец
- 2 лажички мелен лук (зачин)
- 1 лажица оцет
Подготовка
Во еден сад добро измешајте ги маслиновото масло со солта, кумин, лук, буковец и оцет. Ставете го пилешкото во длабок сад. Додадете ја маринадата и измешајте го пилешкото за сосема да се облие. Потоа покријте го садот и оставете го во фрижидер околу 6 часа. По желба можете да го приготвите предходната вечер и да го оставите во фрижидер цела ноќ.
Сварете бистра пилешка супа од коцка.
Загрејте ја рерната на 220 степени. Во една тава наредете го исецканиот кромид и исецканите лути пиперки. Врз нив наредете го пилешкото и прелијте го со маринадата од истиот сад. Потоа прелијте ја тавата со пилешката супа.
Печете го месото 15 минути на температура од 220 стеани. Потоа намалете ја температурата на рерната на 180 степени и печете уште 20 минути. Повремено промешувајте го месото. На крај повторно зголемете ја температурата и оставете го пилешкото месо уште десетина минути да се запече и да добие убава боја.
Послужете го место со гарнир по желба.
Уживајте!