Време на подготовка:
30 мин.
Време на готвење:
60 мин.
Вкупно време:
1 ч. 30 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 4 парчиња пилешки гради
- 1 црвена пиперка голема
- 30 гр. фета сирење издробено
- 1 лажица маслинки без семки, ситно сецкани
- 1/2 лажица босилек ситно сецкан
- сол и бибер
Подготовка
Испечете ја пиперката и излупете ја. Исецкајте ја на ситни парчиња. Загрејте ја рерната на 200 степени. Помешајте ги сирењето, пиперката, маслинките и босилекот. Направете џеб во секое парче пилешко и наполнете гo со филот. Зацврстете со чепкалки. Зачинете го пилешкото со сол и бибер и посипете малку масло. Ставете го пилешкото во плех и печете околу 1 час (по 30тина минути на секоја страна). Послужете со зеленчук по желба.