Време на подготовка:
5 мин.
Време на готвење:
45 мин.
Вкупно време:
50 мин.
Порции
18 парчиња
Состојки
- 2 парчиња лиснато тесто готово 300 гр.
- 4 пудинга од ванила
- 2 кесички бел желатин
- 500 мл. слатка павлака
- 10 лажици шеќер
- 2 ќесички шлаг пена
- 50 гр. чоколадо
- 1 л. млеко
Подготовка
Загрејте ја рерната на 200 степени.
Во подлабоко тавче 25 x 35 см. испечете ги корите од лиснато тесто. Секоја од корите печете ја по 10 минути. Втората оставате ја во тавчето.
Во млекото ставате го шеќерот и четирите пудинзи и варете ги во тенџере на рингла со постојано мешање. Потоа оставете го да се излади. Изматете ја слатката павлака и во неа додадете ги желатинот и пудингот. Кремот истурете го преку лиснатото тесто во тавата. Над него ставате го другото лиснато тесто.
Шлаг пената изматете ја спред упатството на ќесичката.
Додадете го шлагот врз горното лиснато тесто. По желба декорирајте со растопено чоколадо. Можете да додадете и некое свежо или замрзнато овошје.
На здравје!