Време на подготовка:
20 мин.
Време на готвење:
30 мин.
Вкупно време:
50 мин.
Порции
16 лица
Состојки
- 300 гр. чоколадо за готвење
- 220 гр. путер
- 200 гр. шеќер
- 2 лажички ванила екстракт
- 220 гр. мелени бадеми (или друго јаткасто овошје по вкус)
- 3 јајца
Прелив
- 100 гр. чоколадо за готвење
- 100 гр. хопла
- 1 еспресо или друго појако црно кафе
- 1 лажица мед
- сладолед од ванила
Подготовка
Загрејте ја рерната на 170 степени. Намачкајте едно тавче со малку маргарин и обложете го со хартија за печење.
Во тавче на слаб оган постепено растопете го чоколадото заедно со путерот со постојано мешање. Кога ќе се растопи чоколадото остранете го од ринглата, додадете ги шеќерот и ванилата, добро промешајте и оставете го да се излади.
Кога ќе се излади чоколадото додајте ги мелените бадеми и јајцата и добро промешајте.
Смесата истурете ја во обложеното тавче. Печете го тестото во загреаната рерна 25-30 минути.
Додека се пече колачот подгответе го топлиот чоколаден прелив.
Во тенџере искршете го на коцки чоколадото.
Додадете ја хоплата, кафето и медот.
Растопете ги на рингла на тивок оган со постојано мешање, додека да добиете изедначена смеса.
Сосот чувајте го топол додека да го сервирате.
Извадете го колачот од рерна и расечете го на коцки.
Колачето ставете го врз чинија за сервирање.
Ставете врз него една топка сладолед од ванила, прелијте го со топлиот чоколаден сос и по желба декорирајте со рендано чоколадо или сецкани бадеми.