Математиките за титулата во Шпанија

Трката за титулата во шпанската Примера сè уште е отворена откако Атлетико Мадрид, Барселона и Реал Мадрид не победија викендов. Кој, кога и како може да ја освои титулата во Шпанија?

Барселона во саботата ја предаде титулата откако само рeмизираше на домашен терен со Хетафе, но подоцна се покажа дека прерано се предале. Атлетико Мадрид загуби кај Леванте со 2:0, а подоцна Реал Мадрид се спасуваше во последни минути и одигра само 2:2 со Валенсија.

Моментална табела:

1. Атлетико Мадрид 36 одиграни; 88 поени
2. Барселона 36о; 85п
3. Реал Мадрид 35о; 83п

Атлетико Мадрид

Натпревари до крај:
Атлетико Мадрид - Малага
Барселона - Атлетико Мадрид

Атлетико Мадрид е единствениот кандидат за титулата кој зависи сам од себе. На последните два натпревари против Малага и Барселона, Атлетико Мадрид треба да освои само четири поени за да биде шампион. Атлетико може да ја освои титулата уште следниот викенд ако Реал киксне на некој од двата натпревари оваа недела и ако Барса не победи на гостувањето кај Елче.

Барселона

Натпревари до крај:
Елче - Барселона
Барселона - Атлетико Мадрид
Барса е во тешка позиција затоа што освен што треба да победи на последните два натпревари од кои едниот е против Атлетико Мадрид, тие треба да се надеваат и дека Реал Мадрид ќе кисне на еден од нивните три преостанати дуели.

Реал Мадрид

Натпревари до крај:
Ваљадолид - Реал Мадрид
Селта - Реал Мадрид
Реал Мадрид - Еспањол
Реал Мадрид има уште еден заостанат натпревар за одигрување и ако сака да ја освои титулата треба да победи на сите три последни дуели, но и да се надева дека Атлетико Мадрид ќе изгуби барем еден натпревар (најверојатно оној во Барселона).

Со помош на оваа апликација на Marca, можете и сами да ги направите математиките. Кликајте на резултатите на преостанатите натпревари и предвидете ја конечната табелата: