Не дека е лесно за водителка што првпат во живот го среќава клубот Борусија Менхенгдладбах и треба да го прочита во спортски вести, ама па што ако требаше да прочита за скијачки скокови во Гармиш-Партенкирхен.
Големиот Хабиб Нурмагомедов во голем стил ја заврши кариерата, откако синоќа го совлада големиот ривал Џастин Геџби во Абу Даби. Хабиб веднаш откако го прогласија за победник, клекна на колена и се расплака за татко му Абдулманап Нурмагомедов кој неодамна почина на една клиника во Москва.
Во најочекуваната борба во УФЦ годинава, Хабиб Нурмагомедов го совлада Американецот Џастин Гејџи и среде ринг објави дека ја завршува кариерата на барање на мајка му.
Па богами не се гледа секој ден светскиот рекет број 1 да го шета кучето на улица, да му се соберат деца, а тој да застане и да дава совети за тоа како се држи рекет и слично. Му се посвети целосно на малиот, цар.
Португалците го викаат O Mágico и тој е единствениот футсал играч кој повеќе од четири пати е прогласен за најдобар во светот. Прво во 2010-та, а потоа пет години по ред 2014, 2015, 2016, 2017 и 2018. Што повеќе правиме муабет?
За тие што подетално ја следат кариерата на Надал ќе забележат дека осојувачот на 20 Гренд слемови има ритуали, како на пример редење на шишињата на пауза кои мора да бидат свртени со етикетите према терен.
Милош Раониќ го победи Џеј-Џеј Волф со 7-6, 6:1 и се пласираше во 2. коло на турнирот во Санкт Петербург, а интересен момент имаше на конференцијата за новинари.
Давид Ѓоргоќески тренира бокс во боксерскиот клуб „Универзалци“ од Скопје и успеа да урне балкански рекорд со направени 2.604 склекови за 60 минути, со паузи се разбира. Следен предизвик му е гинисовиот рекорд од 2.919 склекови. Што дете ќе беше. Тело малтер.
Германската тениска легенда дава оценки за секој аспект од играта на двајцата монструми кои од 2003-та до сега освоија заедно 40 од вкупно 69 Гренд Слем титули. Толку е тесно што му излезе 85:84 за Роџер.
Најдобриот снукер играч во историјата, синоќа на Отвореното првенство на Англија играше со лакирани нокти во розева боја. Изјави дека го направил тоа во знак на поддршка на кампањата за борба против рак на дојките кај жените.
Два титани со најмногу меѓусебни дуели во историјата на машкиот тенис. Рафаел синоќа во Париз го испраши индиспонираниот Новак како ретко кога во кариерата (Од 300 и кусур натпревари на Гренд Слем, Ѓоковиќ само четири пати изгубил сет со 6:0). А финалето изобилуваше со убави поени, како и секогаш кога играат Шпанецот и Србинот.
Во финалето на Ролан Гарос, неверојатниот Рафаел Надал во три сета убедливо го совлада Новак Ѓоковиќ (6:0, 6:2 и 7:5) и го освои 20-от Гренд Слем во кариерата со што се израмни со Роџер Федерер.
Жоакин Бакли на невозможен начин го победи ривалот Импа Касангај во втората рунда од турнирот на УФЦ и својата дебитантска победа во шампионатот ќе ја памети по луд нокаут.
И покрај тоа што носењето маса е непријатно во нормални секојдневни околности, а камоли играње професионален спорт под нив, во шпанската АСОБАЛ лига им наложи на ракометарите стриктно да носат маски.
Ролан Гарос е еден од најубавите тениски турнири затоа што секоја година инспирира нови приказни со тенисери и тенисерки за кои светот до тој момент не слушнал. Во една таква бајка живее Аргентинката со украинско потекло.
На генерално ниво од финалната етапа, за освоеното 2-10 место следуваа поени за подароци од СЛ маркетот, а за сите останати финалисти Sport Life обезбеди подарок вредносни ваучери за игра.
Велосипедистичките трки на отворено, освен преубави предели, нудат и неочекувани моменти. Како на пример оваа трка во Јужна Африка каде на патеката на трката кај Кејп Поинт им улетува ној и се трка со нив.
На Ѓоковиќ му се повтори УС Опен и на Ролан Гарос. Нов Гренд Слем, нов удар со топче и тоа овој пат не во врат, туку во лицето на судијата. Но во оваа ситуација помина без казна, бидејќи беше во жарот на борбата и се обидуваше да врати еден удар.
Оваа сезона главната премија ќе биде доделувана секој месец во текот на натпреварот, односно секој месец ќе бидат доделувани по 100.000 денари за освоено прво место, 50.000 денари за освоено второ место и 20.000 денари за трето место.
Тениската среда почна со неколку „бомби“: Прво Ник Кирјос го нарекол Хачанов глуп пеликан, Серена Вилијамс се повлече поради повреда, а на мечот од 2. коло меѓу Стен Вавринка и Доминик Кепфер се слушна страшен звук во далечина.
Како тоа 24 часа? Епа вака: 20 пати се качил од средно до врв и поминал 84 километри на Водно СО ТРЧАЊЕ и со тоа искачил 9600 метри висинска разлика. Јасно?