Разно

Данска – Македонија на МТВ и друго

Од спортот на телевизија, за денес ви најавуваме, квалификации за кошарка и фудбал, првенствени кола во неколку фудбалски лиги и ракомет на турнирот во Струга.

Плукни таму, паричка ќе си најдеш

Рускиот атлетичар, Алексеј Владимирович Дмитрик немаше среќа при скокот во височина на Европското атлетско првенство во Цирих, затоа што му се падна мокра патека.

Сте гледале ли одбојка без раце?

Сепактакрау е веројатно најчудниот спорт за кој сме објавиле на сајт. Прво ни заличи на сервис на мрежа, па потоа видовме дека уствари го нарекуваат и kick volleyball. Се игра три на три, без користење на раце, со топка помала од онаа за одбојка, а поголема од тенис. Лудаците секој божји напад го завршуваат со ножички.

Чудесниот боксер кој со рак стигна до златен појас

Иако во мај 2011. година му откриле агресивна форма на канцер, американскиот боксер Дени Џејкобс не се предавал, продолжил да боксува, а викендов стигна и до светска титула во средна категорија.

Во вода и кајакарот и златната медала

Бразилецот Исак Квеирош Дос Сантос слободно може да биде прогласен за малер на годината. Само 10 метри го делеа од првото место и златниот медал на трката 1000 метри на Светското првенство, но пред самиот финиш падна во вода и неговиот кану залудно ја мина целта. Правилата велат дека тоа не е дозволено. Златото го освои Германецот Брендел.

Челичната Вилијамс

Зборуваме за Венус, постарата сестра која е на 26 место на ВТА листата. На турнирот во Монтреал против Германката Анжелика Кербер, запна и одигра “машки“ поен, за кој доби аплауз и од противничката.

Алонсо ќе зема поголема плата од Коби, Леброн и Федерер

Според пишувањата на германскиот Билд, Шпанецот Фернандо Алонсо побарал и ќе добие дупло поголема плата во Ферари со што ќе го надмине легендарниот Шумахер.

Тенисерките со најмногу недели на врвот на ВТА

Белиот спорт е единствен по тоа што првото место на ранг листата многу тешко се чува. Во борбата за опстанок на челните позиции се бранат поени, трофеи и турнири.

Пазете си го пивото на бејзбол

Популарниот американски спорт ретко го третираме на сајт. Но денеска имаме две екстра содржини. Најчудниот трансфер дојде од Детроит, а најлудиот удар од Сан Франциско.

Го продале на сред натпревар, се поздравил и заминал

Во американската бејзбол лига се случи необичен трансфер, откако Остин Џексон е продаден на Сиетл Маринерс додека играл за својот Детроит Тајгерс против Чикаго Вајт Сокс.

Ана Ивановиќ во топ 10 после 5 години

Турнирот во Станфорд (САД), како загревање на УС Опен донесе промени во женскиот тенис каде на местото на Викторија Азаренка, во друштво на најдобрите 10 тенисерки во светот ќе се врати српската убавица.

Кензо Шираи, момчето што ја смени модерната гимнастика

Популарноста на гимнастиката е најголема за време на Олимпијадите, но после потезите на тинејџерот од Јапонија таа веројатно ќе добие поголем простор на спортските канали.

Оброкот на Рајан Лохти

11 кратниот освојувач на медали на Олимписките игри држи 4 светски рекорди во пливање (4x200 метри слободен стил и 100, 200 и 400 метри мешано). Во кариерата има освоено вкупно 74 медали, од кои највредни му се петте златни од Олимпијадите. Тие не се освојуваат со марула и ротквица, туку со дневна лапачка од 10.000 калории. Американскиот пливач ги внесува преку мноооогу пилешко, доза на макарани со сирење како за четворица и аспарагус. Кркај мајсторе.

Како на плејстејшн, 41 удар во пинг-понг дуел

Кој знае како не се уморија? Сингапурецот Нинг Гао и Сегун Териола од Нигерија, за време на нивниот дуел на Комонвелт игрите во Шкотска, дури 41 пат го префрлија топчето. Ваква сцена ретко се гледа на тенис, а камоли на пинг-понг средба.

Лисицки сервираше со 210 км на час

Германската тенисерка постави нов рекорд во брзина на сервирање во женскиот тенис откако на мечот против Ана Ивановиќ на турнирот во Стенфорд, САД го удри топчето кое леташе со 131 милја или 210,8 км на час. Рекордот претходно го држеше Серена Вилијамс која сервираше со 207,6 км на час.

Серена не била бремена, ќе игра на УС Опен

Во пресрет на УС Опен кој стартува за еден месец, женскиот рекет број 1 во светот Серена Вилијамс ќе се обиде да го поправи впечатокот од Париз и Вимблдон, турнири по кои се појавија разни шпекулации за нејзиното здравје.

Славјето на Сицилијанската ајкула

Годинешниот победник на престижниот Тур де Франс, Италијанецот Винченцо Нибали (29) е седмиот победник на Тур кој доаѓа од Апенинскиот полуостров. Велосипедистот од Астана воедно е и шестиот натпреварувач кој освоил Гран - тур (победа на трите најголеми трки Џиро д'Италија, Тур де Франс и Вуелта во Шпанија). Во чест на 10 годишнината од смртта на Марко Пантати, кој беше претходниот италијански велосипедист кој во 1998 година го освои Тур, Нибали ѝ ја подари жолтата маичка на неговата мајка.

Почетни 1,5 милиони долари за болидот на Шумахер

По Ферарито Ф300 нов газда ќе добие уште еден болид на легендарниот возач на Формула 1 кој веќе 7 месеци за бори за живот.

Ф1: Рикардо ја освои Будимпешта

После десет години суша, на Хунгароринг дожд и нов победник. Австралиецот Даниел Рикардо прв стигна до целта на возбудливата трка во главниот град на Унгарија. Алонсо од Ферари втор, а Хамилтон од дваесетти, на крајот трет.

Ф1: Патувачкиот циркус на полусезона

Пред трката во Хунгароринг, аналитичарите на Ф1 дошле до податок кој вели дека во изминативе 10 години оној кој победува на трката за ГН на Унгарија никогаш не бил шампион на крајот.

Хамилтон и Батон му пишаа на Шумахер

Британските пилоти од Ф1 не го забораваат легендарниот возач кој и покрај многуте шпекулации сè уште не може да се разбуди од кома.

Кобната етапа на Фабио Казартели

16-та по ред маршута на годинешниот Тур де Франс е позната по две исклучително опасни угорнини, а на една од нив во 1995 година загина познат италијански велосипедист.

Доминација на Розберг во Хокенхајм, Хамилтон извонреден

Германецот Нико Розберг за првпат во својата кариера победи на домашно тло. Ботас втор, а Хамилтон стигна до подиумот на неверојатен начин.