Доминација на Розберг во Хокенхајм, Хамилтон извонреден

Германецот Нико Розберг за првпат во својата кариера победи на домашно тло. Ботас втор, а Хамилтон стигна до подиумот на неверојатен начин.

Со четврта победа во сезоната, а седма во кариерата, Нико Розберг е победник на денешната трка за големата награда на Хокенхајм. Со неговиот Мерцедес, Розберг стигна до првата победа во својата земја.

Розберг заврши прв, пред одличниот Финец од Вилијамс, Валери Бота кој стигна до трет последователен подиум. Највозбудлива трка приреди Луис Хамилтон (Вилијамс), кој по пит - лајнот и 20 место на крајот стигна до третата позиција.

На подиумот овојпат не успеа да се искачи актуелниот шампион Себастиан Фетел од Ред Бул. Зад Фетел заврши Фернандо Алонсо од Ферари. Малерозен ден имаше Маса, кој повторно испадна од трката на првата кривина од првиот круг.

Имено, Маса и претходната недела имаше ист баксузен прв круг, кога излета од стазата по сударот со Кими Раиконен.

Со оваа победа, Нико Розберг ја зголеми предноста во генералниот пласман во однос на Луис Хамилтон за 14 поени и дури 84 поени повеќе од третиот, Австралиецот Даниел Рикардо.

Следната трка од Ф1 се вози следниот викенд во Будимпешта.

Генерален пласман на возачите

1. Нико Розберг (Германија) 190
2. Луис Хамилтон (Велика Британија) 176
3. Даниел Рикардо (Австралија) 106
4. Фернандо Алонсо (Шпанија) 97
5. Валтери Ботас (Финска) 91
6. Себастијан Фетел (Германија) 82
7. Нико Хилкенберг (Германија) 69
8. Џенсон Батон (Велика Британија) 59
9. Кевин Магнусен (Данска) 37
10. Фелипе Маса (Бразил) 30
11. Серхио Перес (Мексико) 29
12. Кими Раиконен (Финска) 19
13. Жан Ерик Верњ (Франција) 9
14. Роман Грожан (Франција) 8
15. Данил Квјат (Русија) 6
16. Жил Бјанки (Франција) 2