Штефи Граф со 377, од кои 186 недели по ред на врвот е убедливо прва во историјата на машкиот и женскиот тенис. Германката во својата кариера освои 22 гренд слем титули.
Најголемиот ривал на Крис Еверт, Мартина Навратилова е втора на листата тенисерки со најдлог стаж на позицијата број еден. Дури 332 недели како првопласирана во сингл и рекордни 237 недели прва во двојки, Навратилова освои 18 гренд слем титули во поединечна конкуренција.
Третопласирана на листата е Американката Крис Еверт, која 232 недели била предводничка на најдобрите светски тенисерки. Со 18 гренд слем титули, таа за еден трофеј е поуспешна од сонародничката Серена Вилијамс.
Симпатичната Мартина Хингис, со 209 недели на пиедесталот се наоѓа на четвртото место на оваа листа.
Со триумфот на Стенфорд во Калифорнија, Американката Серена Вилијамс стигна до 61. победа во кариерата и стана петтата тенисерка со 200 или повеќе недели на првото место на ВТА ранг листата. Девет седмици ја делат помладата Вилијамс до историската четврта позиција која во моментов ѝ припаѓа на Хингис.