Ана Ивановиќ во топ 10 после 5 години

Турнирот во Станфорд (САД), како загревање на УС Опен донесе промени во женскиот тенис каде на местото на Викторија Азаренка, во друштво на најдобрите 10 тенисерки во светот ќе се врати српската убавица.

По три месечна пауза поради повреда, Белорусинката Викторија Азаренка на својот 25. роденден се врати на терените, но загуби од Венус Вилијамс во 1/8 финалето (6-4, 7-6), по што веројатно ќе го загуби 10. место на ВТА листата.

За Венус ова ќе биде 10 - то четвртфинале во последните 12 настапи на Стенфорд.

Во меѓувреме, некогашниот број 1 во светот и освојувач на Ролан Гарос, Ана Ивановиќ ја игра најдобрата сезона во последните 5 години. Србинката ја победи квалификантката Карол Жао од Канада (6-1, 6-1), по што закажа дерби дуел против Серена Вилијамс.

По овој триумф, српската тенисерка, после цели 5 години ќе се врати во топ 10 листата најдобри тенисерки, откако годинава победи на три турнири.

Ивановиќ и Серена се сретнаа во јануари на Австралија Опен, а мечот го доби Ана, но Американката возврати со триумф во Рим пред 3 месеци.

Победникот од овој дуел оди во полуфиналето каде ќе се сретне со подбриот од мечот Венус Вилијамс – Андреа Петковиќ.

1 август 2014 - 12:34