Чудесниот човек, како што го нарекуваат Даниел Џејкобс, пред три години дознал дека боледува од остеосаркома или малигно заболување на кичмата, при што канцерот му предизвикал парцијална парализа на двете нозе.
Првата прилика да се бори за златниот појас во средна категорија, боксерот од Бруклин ја имал во 2010 година, но во намерата го спречил Русинот Дмитри Пирог во петaта рудна.
Покрај неколкуте интервенции и зафати, Џејкобс не ги слушал лекарските совети да престане со боксот и по паузата од една година, веќе во мај 2012. година повторно влегол во рингот.
На 20. октомври 2012, упорниот боксер стигнал до првата победа по паузата, откако во првата рунда го нокаутирал Џош Лутеран.
После 28. победи од кои 25 со нокаут и еден пораз, Џејкобс стигна до можноста по втор пат да боксува за златниот појас.
Со напорни тренинзи, Чудесниот човек од Бруклин успева да се опорави од тешката состојба и да го оствари својот сон, светски шампион во својата категорија.
„Бог е голем. Се’ уште сум под импресии и многу сум возбуден. Му благодарам на мојот добар пријател Питер Квилин (шампион во средно – тешка категорија), за тоа што ми помогна да научам се’ што не знаев во мојот прв обид да стигнам до златниот појас.“ – изјавил Џејкобс по триумфот.
Победата против Австралиецот Џарод Флечер дојде во саботата во Барклајс Центарот во Њујорк, а Џејкобс (27) титулата му ја посветил на неговиот тренер Виктор Раундтри кој починал лани во октомври поради проблеми со дијабетес.