Разно

ТУР 2014: Потоп на фаворитите

Претендентите за трофејот на Тур де Франс го платија данокот на поројните дождови. По француските калдрми паѓаа Кавендиш, Канчелара, Фрум и Контадор.

На „Тур де Франс“ важат и школските трикови

Велосипедистите на светски познатата етапа „Тур де Франс“ неретко се надмудруваат и со правила кои не се заведени како официјални во Меѓународниот велосипедистички сојуз. Потврда за тоа се и неколкуте инциденти на овогодинешниот „Тур“.

Ѓоковиќ се врати на АТП тронот

Со триумфот на синоќешното трилер финале против Роже Федерер на Вимблдон кое го доби во пет сета, Новаќ Ѓоковиќ повторно е најдобар тенисер на светот со 460 поени предност зад Рафаел Надал.

Несудениот кошаркар кој го посрамоти Надал

И покрај поразот на Белгија, сите медиуми го величаат Американецот Тим Хауард кој го покри голот на САД. Во меѓувреме од терените на Вимблдон се појави еден друг јунак која на само 19 години го исфрли најдобриот тенисер во светот и скокна 777 места на АТП листата.

Мекинро предлага судиите да се укинат

Легендата Џон Мекинро изгледа не може да се помири дека тој одамна е повлечен од тениските терени а неговите архи-непријатели се сè уште таму. Па предлага судиите комплетно да бидат одстранети од тенисот. Еве како го замислува тој тоа.

Шумахер тајно ја напушта болницата

Легендарниот возач на Формула 1 не е повеќе во кома и по пет и пол месеци си заминува од болницата во Гренобл, пишува Би Би Си.

Фудбалска Пепелашка од Македонија

Денеска на интернет почна да циркулира една супер интересна македонска алатка. Фудбалска е, забавна е и остава многу простор за јачање на нечие его или ремет на нечие друго. Земавме па си поигравме:

Рикардо изненади на „Жил Вилнев“

Возачот на Ред Бул, Даниел Рикардо ја прекина доминацијата на Мерцедес и стигна до првата победа во својата кариера, во седмата трка оваа сезона во Формула 1, која се возеше за Големата награда во Канада.

Морон на денот

За вакви луѓе освен „офсајд лик“ на сајтов треба да воведеме и категорија „шупак на денот“, а организаторите на Ролан Гарос да му изречат доживотна забрана за пристап.

Кога Бушар ја запозна Шарапова

Едни од најубавите тенисерки на денешницата, Марија Шарапова и Ежени Бушар ќе се сретнат во полуфиналето на Ролан Гарос. Мечот ќе се одигра 12 години по нивната прва средба.

Безбедност = нула

Во 80-те на рели трките се натпреварувале кој побрзо ќе заврши или кој помалку повредени ќе остави крај патеката?

Спортско Дно 10 на неделата

На спортските терени не гледаме само добри потези. Има и секакви офсајд ликови и настани. Има ТОП 10 и ДНО 10. Овие се тие другите.

Девојката што не се откажува

Многу луѓе се откажуваат по првите пречки и падови во животот, но не и Хедер Дорниден.

Никој не ги сака Олимписките игри во 2022

Зимските Олимписки игри во 2022-та година нема да ги добие градот со најдобра понуда, туку кандидатот кој последен ќе се откаже откако веќе се откажаа голем број на потенцијални домаќини.

Тешка е новинарската работа

Освен што треба да (пре)пишуваат извештаи за натпревари кои не ги гледале, новинарите понекогаш треба и да изгледаат по некој спортски настан. Или барем да го знаат резултатот. Ако не, барем да знаат кој победил.

Розберг повторно најбрз во Монако

Германецот му ја прекина серијата на својот клупски колега Луис Хамилтон кој триумфираше на сите четири трки во новата сезона од Формула 1 шампионатот, но сепак доминацијата на Мерцедес продолжи.

Докторот кој му ја одржува формата на Ѓоковиќ

Најдобриот српски тенисер пред неколку години имаше падови во кариерата, но откако му открија дека е алергичен на глутен, ја смени исхраната и стигна до врвот. Неговите нови проблеми сега ги решава познат светски хирург кој патува со него на турнирите.

Невидена фудбалска мајсторија на плажа

Ако ФИФА направи исклучок и реши да номинира еден гол од фудбал на плажа за Пушкаш наградата за најдобар гол на годината, тоа дефинитивно е оваа мајсторија на Бруно Ксавиер.

Офсајд лик на денот: Тауфик Махлуфи

Алжирецот Тауфик Махлуфи не можеше да се воздржи и прерано почна да прославува, па го загуби златниот медал и 10.000 долари на трка од Дијамантската лига за само 4 стотинки.

Олимписките едриличари да бегаат од водата во Рио

Две години пред почетокот на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, едриличарите и сурферите треба да вежбаат и вештина за избегнување на најзагадената вода во која некогаш се натпреварувале. Покрај отпадот и фекалиите, во неа има и мртви тела.

Пази тркало

Камерманите секогаш се обидуваат да бидат блиску до случувањата, но некогаш се наоѓаат на погрешно место во погрешно време. Според смеењето и сеирот од пријателите, за среќа норвешкиот камерман помина добро.

Луис Хамилтон е новата „златна кокошка“

Британскиот Формула 1 возач, Луис Хамилтон го наследи Нејмар на врвот на листата на спортисти со најголем маркетинг потенцијал.

Кога имаш зорт

Сигурно некогаш сте се запрашале што прават маратонците кога ќе им се примоча за време на трка? Еве едно решение.