Аналитичарите од СпортсПро и Еуроспорт петта година по ред го пресметуваат маркетинг потенцијалот кај спортистите и по две-годишната доминација на Нејмар, на врвот на листата се најде Луис Хамилтон.
Оваа листа се базира на маркетинг потенцијалот кој спортистите го имаат за следните три години, а тие се рангирани според нивната моментална вредност, возраст, големина на домашен пазар и харизма.
Леброн Џејмс беше прв на листата во 2010-та година, следната година таму се најде Јусеин Болт, а во 2012-та и 2013-та на првата позиција беше Нејмар кој оваа година падна на седмото место.
На листата од 50 спортисти се најдоа 37 мажи и 13 жени. Најзастапени се тенисерите (7), пред фудбалерите и кошаркарите со по 6 претставници. Листата содржи спортисти од 22 држави, а најмногу се Американци (18), Британци (7) и Бразилци (4).
Топ 10:
1. Луис Хамилтон - формула 1, Велика Британија
2. Вират Коли - крикет, Индија
3. Роберт Грифин - американски фудбал, САД
4. Кристијано Роналдо - фудбал, Португалија
5. Григор Димитров - тенис, Бугарија
6. Јусеин Болт - атлетика, Јамајка
7. Нејмар - фудбал, Бразил
8. Миси Френклин - пливање, САД
9. Блејк Грифин - кошарка, САД
10. Слоун Стивенс - тенис, САД
Клик тука за целата листа.