Новинарот кој присуствуваше на прес конференцијата по натпреварот од Отвореното првенство на Франција помеѓу Никола Мају (кај нас што го викаат Махут) и Казахстанецот Михаил Кукушкин, не само што не го гледал мечот, туку и грешно го разбрал резултатот, па му честиташе победа на поразениот Французин.
Новинар: Честито!
Мају: Честито? Јас загубив!
Н: Загубивте? Ох, ОК. Па, што се случи?
М: Сериозен си? Го гледаше натпреварот?
Н: Не, ми рекоа дека сте победиле. Извинете.
М: Прашања на француски ве молам.