Ова е е заливот Гуанабара во Рио де Жанеиро. За две години тука ќе се одржуваат натпреварите во едрење и сурфање на ветар. Но заливот има еден мал проблем. Околу 80 до 100 тони ѓубре завршуваат тука секој ден.
Властите во Рио успеваат да соберат само околу 40% од ѓубрето во градот, а останатиот дел завршува во заливот. До почетокот на Олимписките игри Бразилците ветија дека ќе успеат да исчистат 80% од ѓубрето.
Но отпадот не е единствениот проблем. Во водата има и човечки лешеви.
Токму така, човечки лешеви. Бразилската едриличарска легенда, Ларс Граел кој има освоено медали на Олимписките игри во 1988 и 1996 година, тврди дека додека тренирал во заливот дури четири пати има налетано на мртви тела како пловат во водата.
Во 2008-та година Кина имаше проблем со загадување на водата од алги, но бргу го средија проблемот пред почетокот на Олимписките игри во Пекинг со помош на 1.000 бродови за расчистување на отпад. Во моментов заливот во Рио го чистат само десетина вакви бродови.