Претходните неколку сезони професионалниот велосипедизам го одбележаа допинг скандали. Годинава светски најпознатата тура која се вози низ Франција донесе неколку непријатни изненадувања. Најголемите фаворити се повлекоа од понатамошната трка поради повреди здобиени после тешките падови, предизвикани од лизгавите калдрми.
По актуелниот шампион, Британецот Крис Фрум, од Тур де Франс се откажаа уште и шпанскиот ас Алберто Контадор, сонародникот на Фрум, Марк Кавендиш и Енди Шлек од Луксембург. Сосема неочекувано, досега се откажаа 19 натпреварувачи.
Вчера заврши и 11 стаза на која доминираше Тони Галопин, 26 годишниот Французин кој е познат по одличниот налет во финишот.
Денес се вози етапата од Бург ен Брес до Сент Етиен во должина од 185 километри и започнува во 13 часот. Со „само“ 3 угорнини, оваа етапа важи за нешто полесна за возење.
Италијанецот Винченцо Нибали ја води групата фаворити во која се уште и Ричи Порти, Валверде, Барде, Пурито Родригез и Петар Саган.