Славјето на Сицилијанската ајкула

Годинешниот победник на престижниот Тур де Франс, Италијанецот Винченцо Нибали (29) е седмиот победник на Тур кој доаѓа од Апенинскиот полуостров. Велосипедистот од Астана воедно е и шестиот натпреварувач кој освоил Гран - тур (победа на трите најголеми трки Џиро д'Италија, Тур де Франс и Вуелта во Шпанија). Во чест на 10 годишнината од смртта на Марко Пантати, кој беше претходниот италијански велосипедист кој во 1998 година го освои Тур, Нибали ѝ ја подари жолтата маичка на неговата мајка.

29 јули 2014 - 13:28