Го продале на сред натпревар, се поздравил и заминал

Во американската бејзбол лига се случи необичен трансфер, откако Остин Џексон е продаден на Сиетл Маринерс додека играл за својот Детроит Тајгерс против Чикаго Вајт Сокс.

Откако ги завршил преговорите со Сиетл на паузата, генералниот менаџер на Детроит, Дејв Домбровски, му кажал на тренерот за трансферот, а овој веднаш го сменил Џексон со Раџаи Дејвис.

И покрај тоа што знаел за трансферот кој бил на повидок, самиот Џексон бил изненаден: 
„Никогаш не помислив дека може да ме заменат за време на трчање, ми беше чудно. Кога го видов Дејвис како влегува, ми беше јасно. Бев малку збунет и тажен кога сфатив дека тоа е последниот круг што го трчам на овој стадион“ – изјавил Џексон по натпреварот.
 Навивачите сфатиле што се случува и со скандирања му заблагодариле за сè што направил во дресот на Детроит од 2010 година па досега.
 
Слична ситуација Џексон имал и во Филаделфија пред неколку години, но тогаш за трансферот бил известен по натпреварот, а не за време на натпреварот.
4 август 2014 - 10:44