Најдолгата етапа на ТУР годинава, Букле со 237,5 километри претставува вистинска опасност по велосипедистите. Освен што е најдолга, етапата е и прва од трите која се возат на Пиринеите.
Токму на една од угорнините која стартува денес, пред 19 години излета Фабио Казартели кој при удар во карпа, се здоби со сериозни повреди на главата и не успеа да го преживее падот. Тој е освојувач на златна медала на Летните олимписки трки во 1992 година.
На местото Кол де Порте, каде загина Казартели е поставено спомен обележје на кое натпреварувачите секоја година му оддаваат почит на трагично загинатиот Италијанец. Оваа етапа која се наоѓа на 1.069 метри надморска височина важи за една од најстрмните точки од маршутата.
Кол де Порте со 1,069 метри надморска височина е една од најстрмните точки на оваа етапа.
По Кол де Порте и Кол де Арте, следува третата маршута Порт де Бале, угорнина долга 11,7 километри.
Поредокот го држат Италијанецот Винченцо Нибали (жолта маичка), Словакот Петер Саган, Французинот Роман Барде и Шпанецот Јоаким Родригез кој денес ќе вози на домашен терен.
Како ретко кога досега, сите лидери во групата се мајстори за угорнина, така што се очекува интересна борба за врвот. Нибали ќе ја брани жолтата маичка со предност од 4 минути и 37 секунди пред Словакот Саган.
Со 6 етапи до крајот, големи се шансите да се сруши и еден рекорд стар 38 години. Имено, само тројца велосипедисти досега победиле на 8 последователни етапи на еден Тур.
Првиот кој успеал во тој подвиг е Французниот Шарл Пелисие, кога во 1930 година со победа го отворил и го затворил францускиот Тур.
Рекордот на Пелисие во 1970 го достигнува Белгиецот Еди Меркс. Шест години подоцна, сонародникот на Меркс, Фреди Мертенс исто така ќе победи на 8 последователни етапи.
Доколку Италијанецот Винченцно Нибали успее како победник да заврши на сите етапи од денес па до крајната дестинација Париз, тогаш со 9 добиени етапи ќе успее да го сруши рекордот стар скоро четири децении.