Кензо Шираи, момчето што ја смени модерната гимнастика

Популарноста на гимнастиката е најголема за време на Олимпијадите, но после потезите на тинејџерот од Јапонија таа веројатно ќе добие поголем простор на спортските канали.

Мистер Твист е прекарот на Кензо Шираи, момчето родено во Јокохама на 24. август 1996. година, кое правеше чуда на Светското првенство во гимнастика во белгискиот град Антверпен.

Експертите по гимнастика долго ќе ги анализираат способностите на 17 годишниот Јапонец кој со неверојатна способност на вртење во воздух, како и правење прескок, внесе револуционерни промени во модерната гимнастика.

Шираи до подиумот дојде неколку пати, а најмногу внимание привлече кога изведе два елементи, до тогаш невидени во гимнастиката: прескок на трамболина со 4 атерирања пред спуштање на земја и јурченко стил со три ипол вртења.

Потезите кои Кензо ги изведе во Антверпен во 2013. година не биле замислени претходно во гимнастиката и токму затоа се смета дека тој со неговите предиспозиции допрва ќе прави чуда во салите.

Со 17 години, Шираи е еден од најмладите освојувачи на златен медал на Светски куп во гимнастика.

 

1 август 2014 - 10:15