Ракомет

Металург помеѓу 16 најдобри во Европа

Ракометарите на Металург долго се мачеа со последно пласираната екипа од групата Ц на Лигата на шампиони, но на крајот го срушија отпорот на Шамбери и македонскиот шампион славеше со 26:21, со што обезбедија пласман во Топ 16 фазата од Лигата на шампиони.

Металург падна во финишот

Металург по втор пат загуби од Киелце. Ракометниот првак на Македонија во финишот прокоцка голема предност и загуби минимално со 21:20 на гостувањето во Полска.

Киелце го спушти Металург на земја

По поразот од Вардар во СЕХА лигата, Металург загуби и во Лигата на шампиони. Искусната екипа на Киелце му го нанесе првиот пораз на Металург во најелитното европско клупско натпреварување.

Ракометен дебакл во Португалија

Се надевамве на победа за добрлижување до Европското првенство во Данска, а доживеавме дебакл. Ракометната репрезентација на Македонија загуби на гостувањето во Портигалија со 32:25.

Лесна победа на ракометарите против Швајцарија

Ракометната репрезентација на Македонија имаше успешен старт на квалификациите за Европското првенство во Данска. Во првото коло Македонија ја совлада Швајцарија со 30:24.

Егзибициите на Вугринец и Манасков

Металург забележаа лесна победа во СЕХА лигата над Загреб со 33:26, а ракометарите можеа да си дозволат и по некога егзибиција. Погледнете ги мајсториите на Ренато Вугринец и Дејан Манасков.

Цепелинот на Вугринец

Погледнете го најубавиот момент од победата на ракометарите на Металург над Ст.Петерсбург, односно двојниот цепелин на Златко Мојсовски и Ренато Вугринец.

Бесплатна карта, храна, пиење...

Челниците на женскиот ракометен клуб Подравка решија да привлекуваат публика со частење на навивачите.

Се стопира постапката против француските местачи?

Карабатиќ и останатите ракометари-местачи би можеле да се извлечат затоа што нивните адвокати најдоа повеќе процедурални пропусти. Дополнителна поволност за нив е тоа што кладењето на интернет бил помал грев.

Местат и француските ракометни шампиони

Осуммина ракометари на францускиот клуб Монпеље се под истрага дека учествувале во местење на натпревар од националното првенство, а нивните блиски заработиле големи суми во кладилница.

Металург се пласираше во Лигата на шампиони

Екипата на Металург го победи норвешкиот Хаслум со 30:20 и повторно избори пласман за групната фаза од ракометната Лига на шампиони.

Најлошиот ракометен пенал

На натпреварот помеѓу Барселона и Динамо Минск во рамките на турнирот во Добој, Сергеј Рутенка го изведе најлошиот пенал во историјата на ракометот.

Српскиот селектор збесна

Ракометното дерби на Олимписките игри во Лондон им припадна на Хрватите кои ја прегазија Србија со 31:23. И нормално, селекторот на Србија, Веселин Вуковиќ полуде и им се истури на играчите. Превод не е потребен.

Ракометарите повторно против Данска

Денес во Мадрид се одржа извлекувањето на групи за Светското ракометно првенство кое следната година ќе се одржи во Шпанија. Македонија е во групата Б заедно со Данска, Исланд, Чиле, Русија и Катар.

До олимписки тим преку оглас во весник

Велика Британија го искористи своето право како домаќин на Олимписките игри да пријави свои тимови во сите екипни спортови. Проблемот бил што за некои спортови тие воопшто не ни имале репрезентации.

Затоа се успева

Како по обичај нашите ракометари повторно со голем мотив влегоа во дуелот против Австрија и на крајот заслужија пласман на Светскиот шампионат, кој следната година ќе се одржи во Шпанија. Уште при интонирањето на химните се гледа желбата за успех, а на спротивната страна може да види, кој е кој.

Македонија повторно на Мундијалот

И покрај поразот од 30:27 во дуелот против селекцијата на Австрија, македонските ракометари успеаа да се пласираат во завршницата на Светското првенство, кое следната година ќе се одржи во Шпанија. За нас ова втор едноподруго пат да се најдеме на самитот на најдобрите ракометари на планетава, а вкупно трет во историјата на македонскиот ракомет.

Македонија подобра од Австрија

Во првиот натпревар од баражот за пласман на Светскиот шампионат, македонската машка ракометна репрезентација ја совлада Австрија со 26:21. Според прикажаната игра во првото полувреме победата можеше да биде и поубедлива, но падот во играта во вторите 30 минути на крајот беше клучна за триумфот, кој се уште не ни гарантира дека ќе биде дел од ракометниот Мундијал.

Преку Австрија до Мундијалот

Македонската ракометна репрезентација, денеска од 16 часот и 30 минути во арената Борис Трајковски ќе го одигра првиот меч од двобојот со селекцијата на Австрија, а поуспешниот во двата натпревари обезбедува настап на Светското првенство, кое следната година ќе се одржи во Шпанија.

Металург го сели Станиќ во Катар

Само еден ден откако РК Металург објави дека Дарко Станиќ потпишал нов договор со клубот, дознаваме дека ракометниот шампион на Македонија ќе го прати голманот на позајмица во Катар.

Титулата остана кај Металург

Екипата на Металург го победи Вардар ПРО со 20:16 и ја осигура третата титула во серија и вкупно петта во македонската ракометна Супер лига.

Лазаров поразен во финалето на ЛШ

Новиот европски ракометен шампион е непобедливиот бундеслигаш Кил откако на завршницата од финалниот турнир го порази Атлетико Мадрид чиј член е капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров.

Ракометниот куп за Вардар

По триумфот во регионалната СЕХА лига, ракометарите на Вардар Про го победија Металург и во финалето на Купот на Македонија и го освоија трофејот од ова натпреварување по пауза од четири години.

До Данска преку Шпанија и Португалија

Македонската ракометна репрезентација на извлекувањето во Копенхаген ги доби противниците во квалификациите за Европското првенство кое во 2014-та година ќе се одржи во Данска.