Кошарка

Тара пак го пречека големиот Никола Јокиќ

Српскиот кошаркар по крајот на сезоната во НБА и раната елиминација на Денвер Нагетс од доигрувањето за титулата, слободното време и одморот ги користи за уживање во неговото омилено место: Тара со рафтинг на река, мир на планина и дебели сенки.

Магија на Шеј Гилџес-Александер, Оклахома го врати ударот во НБА финалето

Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер го пребродија тешкото гостување во Индијанаполис и славеа 111:104 против Индијана Пејсерс со што го вратија брејкот и сега резултатот во финалната серија е 2:2.

Од Жељко за играчите музичка желба

Најтрофејниот тренер синоќа ја збогати уште повеќе својата колекција со нов пехар - со Партизан ја освои регионалната АБА лига откако со 3-1 го совлада Будуќност во големата финална серија. На славјето на титулата во ресторан после мечот Жељко Обрадовиќ нарачал песна од познатиот бенд Партибрејкерс.

Во незапаметена атмосфера пред 21.000 гледачи, Партизан ја освои АБА лига

Кошаркарите на Партизан се нови шампиони во регионалната АБА лига за сезоната 2024/2025. Црно-белите во финалната серија беа подобри од подгоричка Будуќност со 3-1 во победи. Синоќа во Белград ставија печат со триумф 90:75 пред повеќе од 20.000 свои навивачи кои направија френетична атмосфера.

Во Аргентина падна најлудиот кош на сезоната за победа!

Во четвртфинале на аргетинската кошаркарска лига Феро Карил Оесте ја победил Бока Хуниорс 76-73 со невозможно луд кош од преку цел терен! Во Аргентина сме обично навикнати да гледаме спектакуларни видеа од фудбалските натпревари, а сега се зборува за кошарката во оваа земја.

Индијана е тврд орев, Пејсерс ја совладаа Оклахома и се на 2 чекори од титула

Кошаркарите на Индијана Пејсерс со 116:107 ја совладаа најдобрата екипа од основниот дел во НБА лигата, Оклахома Сити Тандер во третиот натпревар од големата финална серија.

Казинс ја провоцираше публиката па до полевање со пиво

Некогашната НБА ѕвеза Демаркус Казинс е исклучен и исфрлен од натпревар во првенството на Порторико по една голема расправија со навивачите која ескалираше во физички судир додека Американецот го напушташе паркетот.

Оклахома го врати ударот во НБА финалето, триумф за 1-1

Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер со 123:107 ја совладаа Индијана Пејсерс во вториот натпревар од големото финале на НБА.

Почна НБА финалето: Халибуртон со звук на сирената и донесе победа на Индијана!

Ново чудо на Индијана Пејсерс во НБА доигрувањето за шампионска титула! После серија луди пресврти досега, сега во големото финале пак направија чудесен пресврт и со кош во последна секунда ја совладаа на гости најсилната екипа во НБА лигата Оклахома Сити Тандер 111-110.

Како ѕвездата на Бостон Селтикс тапка во гаража?

Дваесет и седум годишниот кошаркар на Бостон Селтикс, Пејтон Причард одигра добро во доигрувањето против Њујорк Никс но неговите соиграчи не беа на нивото па испаднаа од трката за титула. Причард сега се одмора од напорната сезона а на своите профили објави видео од едно брзинско тапкање баскет.

Газдата на ПАО се влечеше со полиција

Дерби дуелите Олимпијакос - Панатинаикос се некогаш на живот или смрт па кога се игра за титула, најчесто во овој период од годината, тензиите се поголеми. Сега во финалето на грчката Суперлига резултатот е 1-1. Олимпијакос синоќа на свој паркет возврати, славеше 91:83 и израмни во серијата. која се игра до 3 победи. Следниот дуел е во среда во ОАКА од 20.00 часот.

Луда тројка на Будуќност, во последна секунда ја урнаа Црвена звезда

Бекот на подгоричка Будуќност Мекинли Рајт со луда тројка со звукот на сирената ја реши мајсторката против Црвена звезда (81-78) и ја однесе својата екипа во големото финале каде ги чека Партизан. Будуќност и Звезда играа израмнет решавачки дуел во полуфиналето во Подгорица, сè до последна секунда кога следуваше ова:

Што е со Халибуртон? Игра ко Џордан во финале

Кошаркарите на Индијана Пејсерс ја замрзнаа целата еуфорија во Њујорк кој по првото конференциско финале после цели 25 години, се надеваа дека можат до титулата. Индијана предводена до неверојатниот Тајрис Халибуртон води со 3-1 во серијата откако синоќа пак ги разби Никси, овојпат 130:121.

Кошаркарска лудорија со нога на играч на Црвена Ѕвезда

Велат дека не е фејк, а и според сите околности личи дека стварно му има успеано. Будалаштината ја изведе Немања Недовиќ. Стеф Кари и Лука Дончиќ на апарати.

Нова луда партија на Шеј Гилџес-Александар, Оклахома ја доби Минесота за 3-1

Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер ја совладаа Минесота Тимбервулвс 128:126 на вториот меч на гости а вкупно четврти во серијата, водат со 3-1 и сега се на чекор од шампионска титула на Западот.

Фенербахче е европски шампион, Гудуриќ и Хејс-Дејвис го решија Монако

Кошаркарите на Фенербахче го совладаа Монако 81:70 во големото финале на Фајнал Фор од Евролигата кое се играше во Абу Даби. По драматично тесен резултат, во финишот екипата предводена од Јасикевичиус од клупата и Марко Гудуриќ на теренот, ја освои европската титула.

Минесота и тоа како не се предава, Оклахома згазена со 40+ разлика

Кошаркарите на Минесота Тимбервулвс убедливо со 143:101 ја совладаа Оклахома Сити Тандер во 3-от натпревар од финалето на Западната конференција и намалија на 2-1 во серијата.

Монако и Фенербахче се во финале, очајна вечер за грчките великани

На Фајнал Форот во Евролига кој првпат се игра во Абу Даби, кошаркарите на Фенербахче го урнаа европскиот првак Панатинаикос 82:76, а Монако со легендарниот Василис Спанулис од клупата му одржа лекција на Олимпијакос 78:68.

Откриено кои се сигурни учесници на Евролига за следната сезона 2025/2026

Новинарот специјализиран за кошарка, Алесандро Маџи од сајтот Спортандо објави дека на состанокот кој е одржан во Абу Даби, а во пресрет на Фајнал Форот кој таму започнува денес (ПАО, Фенер, Олимпијакос и Монако), договорени се и детали за следната натпреварувачка сезона.

Што да се прави под кош кога ќе ти се падне женски Мутомбо?

Море типкава е бетер од Дикембе Мутомбо. Не ни скока кога ги лепи под кош.

Судија раскрварен на финалето Оклахома - Минесота

На самиот старт на вториот дуел од финалната серија на Западот во НБА меѓу Оклахома Сити Тандер и Минесота Тимбервулвс, при судиско дофрлање на топката, Лугуенц Дорт од Оклахома го удри случајно главниот судија Скот Фостер кој раскрварил. По краток прекин натпреварот продолжи а Оклахома победи и веќе води со 2-0 во финалето на Западот. Шеј Гилџес-Александар ја доби МВП наградата.

Шесте тројки за историја со кои Арон Несмит го уништи Њујорк во последните 5 минути

Петмина играчи меѓу кои Кари и Богдановиќ, успеале да реализираат шест тројки во една четвртина на плејоф натпревар, ама на никој не му успеало тоа во последната четвртина. Арон Несмит е луд, тоа го направи во последните 5 минути од мечот со шест тројки по ред.

Индијана Пејсерс со луд кош стигна до продолженија и победа во Њујорк

Кошаркарите на Индијана Пејсерс во неверојатен меч славеа 138:135 после продолженија против Њујорк Никс и поведоа со 1-0 во финалето на Истокот.

Оклахома ја растури и Минесота, доскорешниот тренер на Јокиќ го испофали МВП-то Шеј Гилџес

Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер во уште една доминантна победа покажаа зошто важат за екипа број 1 сезонава во цела НБА лига. Во првиот антпревар од финалето на Западната конференција Оклахома со 114:88 ја разби Минесота Тимбервувлс и поведе со 1-0.