После Енес Кантер, и Француз се претворил во жена за да се пријави во женска НБА лига

Некогашната НБА ѕвезда, Турчинот Енес Картен кој играше со голем успех за Бостон Селтикс, ја разгорува дебатата во САД околу учество на трансродни жени во женската НБА лига.

Француската трансродна кошаркарка Жули Тетар наводно се пријавила за драфтот на женската НБА 2027-ма година со што дополнително ја разгорил(а) дебатата за правилата за настап во најсилната женска кошаркарска лига на светот.

Жули Тетар на почетокот на август зборувала јавно за желбата еден ден да заигра во женската НБА лига (WNBA), а неколку дена подоцна поранешниот турски репрезентативец и мега ѕвезда во НБА Енес Кантер најавил дека сака да се пријави за истиот драфт.

На 26-ти август натпреварот во женската НБА меѓу Чикаго и Индијана поставил нов рекорд за најголема гледаност уште од основањето на оваа лига во 1997-ма година. Во просек преносот го следеле 3,31 милион гледачи а врвот во еден момент достигнал 3,82 милиони гледачи.

Овој натпревар го одбележа скандал откако некогашната НБА ѕвезда, турскиот кошаркар кој беше прогонуван од властите во Турција, Енес Кантер кој на своето презиме ја додаде и наставката Фридом, решил да седне во прв ред со маичка со натпис: „ЖЕНА - возрасен човек од женски пол“.

По еден феноменален влез и кош на тој натпревар, кошаркарката на Чикаго Скај Наташа Клауд му се сврти на Енес Кантер и почна да му вика и тргна кон него. Тој ги рашири рацете и направи неколку чекори пред обезбедувањето да го исфрли од салата.

Енес Кантер беше мега ѕвезда во НБА, одигра 11 сезони а се прослави со партиите во Бостон Селтикс. Тој сега ја разгори дебатата околу учество на трансродните жени и мажи во женската НБА откако кажа дека ќе се пријавел на драфтот за оваа женска лига затоа што се идентификувал себе како жена.

Информацијата дали Тетарт ќе се пријави на драфтот во женската НБА лига се уште не е потврдена од него/неа но веќе предизвика голема врева во тамошната лига во САД. Сега се поставува прашањето како женската НБА лига ќе постапи во случај Французинот/Французинката да се пријави на драфтот.

Колективниот договор на женската НБА лига наведува дека само жени може да играат во лигата но притоа не дефинира правила кои се однесуваат на трансродни играчи.

УШТЕ ЕДЕН ПОРАНЕШЕН НБА КОШАРКАР САКА ДА СЕ ПРИЈАВИ

По Енес Кантер и поранешниот НБА кошаркар Рој Вајт изразил желба како трансродна жена да се пријави за женската НБА лига преку драфтот.

Според Фронт Офис Спортс и двајцата се прогласени за неподобни за настап во женската лига иако Енес Кантер тоа го оспрува и тврди дека лигата уште не го известила за тоа.

Тој порачал и дека ќе ги смени своите планови ако женската НБА лига јасно дефинира дека изразот „жени“ се однесува само на биолошки жени.

1 септември 2026 - 09:08