Спектаклот Јокиќ - Вембанјама во белградска „Арена“

Кошаркарите на Србија и Франција го одиграа првиот од двата пријателски натпревари. Србите победија 90:87 во преполна белградска „Арена“ пред повеќе од 20.000 гледачи кои гледаа спектакл.

Иако се работеше за пријателска средба без резултатско значење, двете селекции влегоа максимално спремни за да ја кренат формата пред продолжение на квалификациите за Светско првенство пред крајот на август. Мундијалот следната 2027 се игра во Катар.

Никола Јокиќ, Руди Гобер и Виктор Вембанјама, врвот на НБА лигата, режираа врвна претстава која ќе има и втор дел за два дена во Орлеан во Франција.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by FIBA Basketball (@fiba)

Никола Јокиќ постигна 20 поени, имаше 9 скока и 8 асистенции. Никола Милутинов за 17 минути на паркетот уфрли 15 поени, Алекса Аврамовиќ постигна 13 поени а Огњен Добриќ 12

Кај Французите Амин Нуа беше прв стрелец со 14 поени, 13 додаде Силван Франсиско кој беше најважна фигура на Французите пред крајот кога стопија разлика од 13 поени. Виктор Вембанјама го заврши дуелот со 10 поени и лош шут за три 1/6 за 25 минути на теренот.

После натпреварот, Јокиќ упати големи пофалби до Вембанјама за кого кажа дека може да стане најдобар во историјата. 

„Дуелот со Вембањама не го гледам како посебно ривалство, бидејќи јас играм исто на секој натпревар. Сепак, тој има можност да стане најуникатниот кошаркар кого сме го виделе во историјата на овој спорт. Сега зависи само од него како ќе се снајде, колку напорно ќе работи и како ќе се грижи за своето тело. Дефинитивно има предиспозиции да стане најдобар во историјата“, рекол секогаш скромниот Јокиќ.

21 август 2026 - 09:20