Канаѓанецот Дилон Брукс кој пред неколку недели играше и на Светското првенство, важи за најантипатичен кошаркар во цела НБА. Тој е пргав, редовно иритира противнички играчи, се закача со судии, а сега докажа дека знае и намерно да удира. Така беше во подготвителниот меч за новата сезона меѓу Хјустон и Индијана Пејсерс кога го удри Германецот Тајс во незгодно место.