Сјајната партија на Чеди Осман која го однесе ПАО на Фајнал Фор

Панатинаикос и Монако со победи против Ефес односно Барселона обезбедија учество на Фајнал Форот на Евролига во Абу Даби. ПАО пред преполна „ОАКА“ Арена го совлада Ефес 75:67 и конечно го скрши отпорот на турскиот тим кој забележа две победи во серијата. Исто и Монако со три големи победи ја совлада Барселона и се пласираше на Ф4.

Epa Images
Epa Images
Photo: EPA Images

Турскиот репрезентативец Чеди Осман постигна 28 поени а имаше и 8 скока и беше најзаслужен што тимот на Ергин Атаман оди на Фајнал Фор.

Кендрик Нан додаде 12 поени со четири скока и пет асистенции а Џеријен Грант имаше 11 поени, 8 скока и три асистенции. Кај Ефес најдобри стрелци беа Елајџа Брајант со 16 поени и по четири скока и асистенции и Шејн Ларкин со 11 поени, 1 скок и четири асистенции.

МОНАКО - БАРСЕЛОНА 85:84

Во уште еден врвен меч, петти по ред, во мајсторка која решаваше кој ќе оди на Ф4, Монако предводен од Мајк Џејмс кој постигна 20 поени и 5 асистенции ја победи Барселона за 3:2 во серијата.

Кевин Пантер имаше шут за победа и пласман на Барселона на Ф4 но не погоди.

Ф4 парови, полуфинале 23-ти мај, финале 25-ти мај:

ФЕНЕРБАХЧЕ - ПАНАТИНАИКОС
ОЛИМПИЈАКОС - МОНАКО

 

7 мај 2025 - 12:29