Немало спиење за играчите на Ефес пред клучниот дуел со ПАО

Пред решавачката мајсторка меѓу Панатинаикос и Анадолу Ефес за пласман на финалниот турнир Фајнал Фор, некои навивачи на грчкиот тим во Атина пред хотелот каде престојува турскиот состав, доцна синоќа палеле огномет и друга пиротехника за да ги остават ненаспани.

Натпреварот се игра од 20:45 во „ОАКА“ во Атина, а претходно од 19:00 часот мајсторка играат Монако - Барселона. 

6 мај 2025 - 15:55