Српската јавност шокирана, странски кошаркари од Партизан направиле хаос

Доцна во ноќта меѓу недела и понеделник, пред еден белградски клуб избила тепачка во која учесници биле четворица странски кошаркари од Партизан: Карлик Џонс, Стерлин Браун, Исак Бонга и Франк Никилина. Првиов, Џонс, крши стаклено шише од глава на учесник во тепачката и потоа го гаѓа во лице со скршеното шише. Според српските медиуми, група гости во клубот ги задевала и им дофрлала на девојките кои биле во друштво со кошаркарите на што овие реагирале па настанал хаос надвор.

Карлик Џонс сезонава беше најдобар играч на Партизан и најефикасен на теренот во многу евролигашки и АБА дуели. Од клубот соопштија дека нивните кошаркари застанале во одбрана на девојки кои биле навредувани од друга група гости во ноќниот клуб. Партизан соопшти дека сите учесници во тепачката уредно ќе дадат изјава во полиција. 

 

6 мај 2025 - 12:12