Кој го плаќа Мајкл Портер 180 милиони долари?

Еден од најслабите кошаркари на Денвер Нагетс сезонава е ниското крило Мајкл Портер-Џуниор кој прави повеќе штета отколку што носи корист на екипата цела сезона па и сега во доигрувањето.

Денвер Нагетс очигледно игра само на инспирација на Никола Јокиќ. Ако Сомборецот е расположен тогаш му оди и на тимот. Ако не е, како синоќа, Нагетси губат убедливо.

На првиот меч од полуфиналната серија на Западот против Оклахома Сити Тандер, Јокиќ играше одлично, постигна 42 поени со 22 кока и буквално беше најзаслужен со Арон Гордон (даде тројка во последна секунда) за победата.

Тогаш играа уште и Џамал Мареј, Кристијан Браун и Расел Вестбрук кои синоќа ги снема во сивилото на цела екипа. Оклахома Сити Тандер го разби Денвер Нагетс со 43 поени разлика!

На двата меча најслаба карика беше Мајкл Портер Џуниор кој сега би можел да седне на клупа малку со оглед на катастрофалните изданија кои ги пружа цела сезона.

Мајкл Портер Џуниор имаше во просек по 18,2 поени, 7 скока и 2,1 асистенција по меч но повеќе се натпреварите на кои беше катастрофален.

Сега е таков и во серијата со Оклахома Сити Тандер. На првиот дуел имаше само два поени и четири скока за дури 25 минути на паркетот (1/8 од игра) а на вториот меч беше еднакво мизерен со шут од игра 2/10 и пет скока.

Кошаркарот кој има договор на 180 милиони долари (!?) во серијата против Тандерс има просек од 5 поени по натпревар.

ЗОШТО Е ТОЛКУ СЛАБ?

Бледата игра на Мајкл Портер Џуниор ја следат неколку претпоставки. Една е дека е просто слаб играч, а друга дека има големи проблеми со играта во одбрана и со повредите на рамето кои го следат. Тој наводно играл и на граници на болки.

„Толку сум ограничен на паркетот... Не можам да го правам тоа што го сакам ни во напад, ни во одбрана, ниту во скок. Се е така тешко. Но сепак тоа не е изговор. Морам да играм подобро ако веќе излегувам на терен“, рекол Мајкл Портер Џуниор после дебаклот на вториот меч на Денвер во Оклахома.

„Кога имате ваква повреда на рамето, имобилизација на зглобот е најдобар начин да се залечи. Но очигледно тоа не можев да го сторам поради натпреварите. А одбрав да играм“, додава Портер Џуниор за кого тренерот Рик Аделман вели дека „се приметува кога шутира, дека му е тешко да го изведе шутот до крај. Како да не може да ја фати топката со две раце“, вели Аделман.

Следниот натпревар, овојпат во Колорадо каде Денвер Нагетс ќе биде домаќин се игра во ноќта меѓу петок и сабота.

8 мај 2025 - 13:33