Кошаркарите на Атланта Хокс врзаа две победи совладувајќи ги Сакраменто Кингс на натпревар на кој „Јастребите" срушија и израмнија неколку рекорди. Антиќ доби пет ипол минути.
Андре Игудала го одигра првиот натпревар за Голден Стејт по повредата од минатиот месец и за малку ќе го направеше најдоброто забивање на сезоната, но Џејсон Смит му го попречи патот до кошот.
Мислевме дека ова е најефикасниот автокош, но овој поен со одбиена топка од не еден, туку двајца противнички кошаркари, дефинитивно е кандидат за најдобар автокош на годината.
Атланта Хокс ги праша своите кошаркари кој е главниот град на Македонија. Како што и се очекуваше од луѓе кои не знаат ни кој е главниот град на САД, никој немаше слушнато за Скопје, освен Лу Вилијамс (очигледно со препишување).
Лејкерси го забележаа и четвртиот пораз по пет одиграни натпревари од враќањето на Коби Брајант. Овој пат тие загубија на гостувањето кај Атланта Хокс.
Поранешниот капитен на италијанската кошаркарска репрезентација, Стефано Манчинели му ја донесе победата на Торионо со тројка од скоро пола терен со звукот на сирената.
Кошаркарите на МЗТ Скопје направија сензација против ланскиот финалист од АБА лигата и стигнаа до петтиот триумф во ова натпреварување, прв во меѓусебните соочувања против силниот српски претставник во Јадранската лига од 65:58.
Кошаркарите на Вашингтон и Атланта во трилер завршница одлучуваа за победникот на синоќешниот дуел од НБА лигата, а последното мајсторско додавање во самиот финиш го имаше нашиот интернационалец по кое Ал Корфорд поинтираше за победа.
Натпреварот на кој единственото значење беше да се избегне последното место во групата Г им припадна на кошаркарите на Калев Талин кои славеа убедливо над македонскиот шампион во претпоследното коло од Еврокупот со 84:69.
Американски средношколец не дозволи топката да испадне во аут и не само што пожртвувано ја спаси, туку и постигна една од најчудните тројки во историјата на кошарката.
Кошаркарите на Атланта Хокс го претрпеа 11-от пораз по 22 одиграни натпревари во НБА лигата. „Јастребите" без Перо Антиќ немаа одговор за одличниот Кевин Дурент.
По осум месеци пауза заради повредата Ахиловата тетива, Коби Брајат се врати на терените, но неговото враќање во НБА му го расипаа кошаркарите на Торонот Репторс кои ги изненадија Лејкерси.
Македонскиот шампион предводен од новиот стратег Зоран Мартич загуби во продолжението од мечот и се посрамоти на гостувањето против последнопласираниот Широки во АБА лигата, затоа што испушти победа на речиси добиен натпревар во кој постојано беше во водство.
Искрениот Кеон Кларк кој настапувал за четири НБА екипи и признал дека секогаш пред да го фати баскетот прво се фаќал за чашката, ќе оди во затвор. Обвиненијата не му се поради алкохол, туку поради трговија со дрога и оружје.
МЗТ Скопје се бореше за втор триумф во осмото коло од Еврокупот, но поквалитетниот турски претставник повторно ја оправда фаворитската улога против македонскиот шампион со убедливи 68:86 каде на клупата дебитираше новото тренерско име од Словенија.
Ова се десетте најдобри забивања во НБА лигата во месец ноември, а забивањето на Ксавиер Хенри уште сега можеме да го номинираме и за најдобро во сезоната.