По пропуштената победа над Цибона, тренерот на МЗТ Скопје реши да го напушти клубот. Поразот од Цибона беше само капка која ја прели чашата затоа што македонскиот шампион веќе подолг период е во играчка и резултатска криза.
Од МЗТ најавуваат дека заминувањето на Влада Вукоичиќ е само една од неколкуте промени што ќе се случат во клубот во овој период. За денес е најавено официјално соопштение со кое раководството на клубот ќе ги објави следните чекори.
Оваа сезона МЗТ одигра 17 натпревари на кои забележа само пет победи. Во Јадранската лига има учинок од четири победи и шест порази, а во Еврокупот победи само еднаш на седум одиграни натпревари.