Зоран Мартич е поранешен тренер на Будуќност, Крка, Пивоарна Лашко, Геоплин Слован, Апоел, Кимик (Украина), а на македонската кошаркарска јавност и е познат по тоа што на Европското младинско првенство за играчи до 20 години што се одржа во Охрид во 2000-та година, стана европски шампион со репрезентацијата на Словенија.
Тој доаѓа на местото на Влада Вукоичиќ кој што го напушти МЗТ во текот на вчерашниот ден кој на 17 натпревари забележа само пет победи.
Новиот тренер ќе има шанса да го предводи тимот веќе во среда кога МЗТ во Еврокупот ја пречекува екипата на Банвитспор.